Вечерно Кино: Ford ги бара најубавите патишта за возење во Европа – Дел 8: Кампокатино, Италија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно Кино: Ford ги бара најубавите патишта за возење во Европа – Дел 8: Кампокатино, Италија

Ford продолжува со серијалот за најубавите патишта во Европа, а во оваа епизода ја вози новата Fiesta ST на патот Кампокатино во Италија.

Лоциран само 80 километри источно од Рим и издигнувајќи се на надморска височина од над 1,800 метри, во текот на зимските месеци патот од градот Кампокатино до ски центарот е преполн со љубителите на снег. Сепак, во останатиот дел од годината, тој е речиси празен асфалт, кој е идеален за побрзо возење.

Ford тука го донесе идеалниот модел – Новата Fiesta ST, која е створена за возење по свиоците на планински патишта, па тука целосно ги открива своите особини и потенцијал. Ова е вистинското возило за кривулест и тесен пат.

Погледнете го видеото и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.