full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Новата Ford Fiesta ST има 1.5-литарски EcoBoost со 3 цилиндри и 200 коњски сили!

Само една недела пред почетокот на саемот во Женева, Ford официјално jа претстави ST верзијата од новата генерација на Fiesta.

Жешкиот мал компакт користи целосно нов 1.5-литарски три-цилиндарски EcoBoost турбо-бензински мотор кој произведува 200 кс и 290 Nm вртежен момент – и добива забрзување од 0-100 км/ч за 6.7 секунди, односно 0.2 секунди побрзо од претходниот модел.

Возачот ќе може да избере помеѓу три режими на возење: Normal, Sport и Track, кои ги прилагодуваат моторот, управувањето и стабилноста да бидат конфигурирани за користење низ секојдневниот сообраќај или тркачките патеки.

Ford го опреми моделот со првиот систем за деактивација на цилиндри кај три-цилиндерски мотор, кој ја намалува потрошувачката на гориво кога не се потребни сите перформанси од моторот, а исто така ја намалува и емисијата на издувни CO2 гасови на очекувани 114 грама на километар. Оваа технологија може да исклучи или вклучи еден цилиндар за време од само 14 милисекунди.

Fiesta ST располага со специјално прилагодена шасија и ESC систем со три режими, кој им овозможува на корисниците да одберат помеѓу целосна интервенција на системот, пролизгување со ограничена интервенција или целосна деактивација на системот.

Моделот ќе биде достапен со три и пет врати, а се разликува од стандардната Fiesta благодарение на агресивно обликуваниот екстериер, кој се одликува со специјална текстура на предната решетка, нови браници, кровен спојлер и 18-инчни тркала ексклузивни за ST изведбата.

Во внатрешноста, спортскиот модел е опремен со Recaro седишта и волан со зарамнето дно, а тука е и 8-инчен дисплеј на допир со гласовни команди, систем за навигација и можност за поврзување со смартфон преку Android Auto и Apple CarPlay. Како опција ќе се нуди и премиум B&O Play Sound аудио систем.

Поврзано:   МИДА Гранд Моторс е на нова локација и со нова понуда

Новата генерација на Fiesta ST ќе биде лансирана во почетокот на 2018, а нејзините цени ќе бидат објавени во близина на тој ден.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.