full screen background image
Search

Italdesign ќе претстави нов V10 Суперавтомобил во Женева

Неодамна лансираниот бренд Italdesign Automobili Speciali ќе претстави сеуште неименуван, но моќен суперавтомобил кој ќе биде произведен во строго ограничен број.

Произведени ќе бидат само пет примероци пред крајот на 2017, а сите од нив ќе се одликуваат со истата агресивна карбонска каросерија поставена на модуларна шасија. Автомобилот ќе се протега во должина од 4,847 милиметри, ширина од 1,970 милиметри и висина од 1,204 милиметри.

Ќе биде придвижуван од 5.2-литарски природно-аспириран V10 агрегат, чии спецификации треба наскоро да бидат објавени. Ова ни звучи многу познато и мислиме дека всушност се работи за истиот агрегат кој ги погонува Lamborghini Huracan и Audi R8.

Italdesign можеби не ги објави бројките од силата која извира од агрегатот, но забрзувањето од 0-100 км/ч ќе трае само 3.2 секунди, додека максималната брзина ќе надминува 330 км/ч. Овие перформанси се речиси идентични со Huracan LP 610-4, на кој му се потребни 3.2 секунди за да постигне 100 км/ч од место, и ќе продолжи да забрзува се до 325 км/ч.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.