full screen background image
Search

Italdesign има визија за супер-секси GT – погледнете го DaVinci!

Italdesign Giugiaro ја одбележува 500-годишнината од смртта на легендарниот сликар и пронаоѓач – Leonardo DaVinci – преку привлечниот концепт наречен Italdesign DaVinci.

Од Italdesign велат дека овој концепт е наменет за електричен погон и дека може сериски да се произведува без речиси било какви доработки. Платформата е модуларна и може да се комбинира со електромотори и батерии од различни производители, но би можел да се вгради и мотор со внатрешно согорување по избор на производителот. Всушност, во овој концепт се наоѓа 4-литарски V8 бензинец.

Големиот grand tourer совршено ги балансира агресивните детали со елегантниот профил. Задниот дел има препознатлива GT линија, но највпечатливиот дел кај DaVinci се огромните врати кои се отвораат нагоре овозможувајќи пристап и за предниот, и за задниот дел од кабината.

Во ентериерот владее минимализмот, без некои значителни концептни решенија. Традиционален распоред и многу, многу алкантара се двете најглавни одлики на ентериерот на Italdesign DaVinci. Дури и копчињата се обложени со алкантара, и имаат позадинско осветлување со цел полесно да се воочливи и препознатливи.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.