full screen background image
Search

Новиот Porsche 911 пристигна во Македонија!

Најновата генерација на легендарниот Porsche 911 – која ја носи ознаката 992 – вечерва дебитираше пред македонската јавност на Виенскиот Бал!

Новата „Деветсто-Единаесетка“ пристигна и кај нас! Германското супер-спортско купе вечерва дебитираше, и тоа како дел од луксузниот и ексклузивен Виенски Бал кој се одржува во Александар Палас во Скопје.

Изложениот примерок ја носи ознаката 911 Carrera 4S, а тоа кажува дека се работи за модел со погон на сите четири тркала и 3-литарски твин-турбо боксер со шест цилиндри кој испорачува 450 коњски сили и 530 Nm вртежен момент. Благодарение на автоматскиот менувач и погонот на сите четири тркала, овој примерок на 911 може да „лансира“ до 100 километри на час за 3.6 секунди и да постигне максимални 306 километри на час.

Инаку, новиот 911 со себе носи многу новитети – од (очекувано) еволутивниот дизајн, па сè до новите мотори и новиот напреден Wet Mode кој гарантира безбедно возење и во супер-мокри услови. Секако, Porsche полека но сигурно ќе открива сè повеќе изведби на новиот 911 – веќе е претставен и 911 Cabriolet, а наскоро се очекуваат и другите, уште помоќни и повозбудливи верзии!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.