ПРЕМИЕРА: Претставена и кабриолет верзијата на новиот Porsche 911 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Претставена и кабриолет верзијата на новиот Porsche 911

По премиерата на најновата генерација на 911, Porsche денес ја претстави и кабриолет верзијата на легендарниот спортски автомобил.

Ајде прво за најважното – платнениот кров има нов хидрауличен систем за отворање и затворање – може да се отвори или затвори за само 12 секунди, и тоа при брзини до 50 илометри на час. Кога кровот е спушен се издигнува дефлектор за ветер кој го подобрува комфорот во кабината.

На самиот старт, 911 Cabriolet ќе се нуди во Carrera и Carrera 4S изведби. Обете изведби користат 3-литарски твин-турбо боксер мотор кој испорачува 450 коњски сили и 530 Nm вртежен момент, а се комбинира со 8-брзински PDK менувач со двојна спојка. 911 Carrera S Convertible забрзува до 100 километри на час за 3.7 секунди и постигнува 306 километри на час, додека Carrera 4S тој бенчмарк го постигнува за 3.6 секунди, но максималната брзина е нешто пониска – „само“ 304 километри на час.

Од Porsche кажуваат дека торзиската цврстина на новиот кабриолет е подобрена во однос на претходникот, а за прв пат во кабриолетот ќе може да се добие и Porsche Active Suspension Managemnet системот. Со оваа суспензија, кабриолетот ветува уште подобри возни карактеристики. Дел од приказната се и уникатни тркала со дијаметар од 20 инчи напред и 21 инч позади. Испораките ќе започнат ова лето.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.