Дали Ford и Volkswagen се подготвуваат да објават подлабока соработка? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Дали Ford и Volkswagen се подготвуваат да објават подлабока соработка?

Според Ројтерс, двата гиганти во светот на автомобилите се подготвуваат да објават глобално партнерство кое би одело значително подлабоко од соработката околу комерцијалните возила која веќе ја најавија.

Ројтерс цитира два извори кои се запознаени со дискусијата. Според првиот извор „се очекува да биде објавена глобална алијанса“ и тоа за само неколку дена. Во моментов се финализираат последните детали, а според вториот извор „разговорите одат добро“. Volkswagen ќе инвестира во дивизијата за автономно возење на Ford, додека Синиот Овал најверојатно ќе ја лиценцира MEB архитектурата на Volkswagen која е наменета за електрични возила.

Веќе неколку месеци се дискутира на оваа тема – и според некои извори, Volkswagen би ги искористил производствените капацитети на Ford во САД. Ова од една страна би овозможило прилично големи заштеди за VW, а од друга страна дополнително би ги ангажирало фабриките кои во моментов не работат со полн капацитет. Од друга страна, изворите кажуваат дека Ford сака да ја продлабочи соработката со VW за заедно да развиваат некои идни модели.

Оваа соработка меѓу Volkwagen и Ford ќе им овозможи на гигантите да остварат заштеди кои би можеле да се бројат во милијарди долари. Според најавеното, би требало да има некаква официјална објава за време на Саемот на Автомобили во Детроит, кој треба да се одржи од 14ти до 27ми Јануари.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.