full screen background image
Search

Honda Civic Type R не ви е доволно ненормален? Тука е Mugen!

Критиките кои некои ги имаат за изгледот на Honda Civic Type R сигурно ќе стивнат кога ќе во видат Mugen RC20GT Type R.

Според она кое го кажуваат од Mugen, RC20GT е пред-продукциски модел. Бодикитот е прилично екстремен, со цел да ги подобри аеродинамичните перформанси на тркачката патека. Дополнително, кажуваат и дека е зголемена и моќноста, но не кажуваат конкретни детали околу тоа.

Луѓето од Mugen се прилично самоуверени, и го дефинираат RC20GT како „ултимативниот Type R.“ Во ред, можеби ќе се согласиме со тоа, но дизајнот е во најмала рака контраверзен. Сериското производство ќе започне наскоро и ќе се нуди на јапонскиот пазар, но несомнено тјунерите ширум светот ќе сакаат и самите да додадат некои од компонентите.

Инаку, Mugen го претстави и малку поконвенционалниот Mugen Civic Type R Prototype. И ова е продукциски модел, но не е толку радикален како RC20GT. И изгледа многу, многу подобро.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.