full screen background image
Search

Фејслифтираниот Porsche Macan пристигна во Скопје

Porsche неодамна го освежи супер-популарниот Macan – и фејслифтираниот германски SUV веќе пристигна во Скопје.

Macan е успешен модел за Porsche – од неговото претставување се продадени преку 350.000 примероци, па германскиот производител на спортски автомобили само го затегна и го освежи помалиот SUV.

Како што и можеме да очекуваме од Porsche – визуелните измени се дискретни, но сепак забележливи. Најзабележливи се измените на задниот дел – сега Macan добива „едноделно“ задно светло кое станува препознатливо за моделите на Porsche. Предниот дел сега добива редизајнира светла (кои стандардно се со LED технологија), дискретно изменети браници и уште некои ситни измени. Кабината добива нов инфозабавен уред со 11-инчен дисплеј, како и нови опции за материјали и бои.

Macan веќе не е достапен со турбодизелски мотор, па сега во понудата може да се најдат само моќни турбо-бензинци. „Основниот“ мотор е 2-литарски турбо-бензинец со 245 коњски сили и 370 Nm вртежен момент, додека Macan S се добива со 3-литарски турбо V6 кој испорачува 355 коњски сили и 480 Nm вртежен момент, и забрзува „до стотче“ за само 5.1 секунда.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.