full screen background image
Search

Регулаторна: Цената на бензините се зголемуваат, дизелот поевтинува

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави цените на горивата – и од вечерва на полноќ цените на бензините се зголемуваат за 1.50 денари, дизелот поевтинува 0.50 денари

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.09 проценти. Преведено во цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по 1.50 денари – па еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 66.00 денари, а еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 67.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 0.50 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 60.50 денари.

Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.