full screen background image
Search

Врвната Panamera e плаг-ин хибрид со 680 коњски сили – забрзува „до стотка“ за само 3.4 секунди!

Porsche ја претстави врвната изведба на новата Panamera – знаменосецот на гамата користи хибриден погон за да испорача 680 коњски сили и 850 Nm вртежен момент!

Она што Porsche го направи со хибридниот 918 Spyder, сега го прави со новата Panamera. Во ред, големиот луксузен седан ја нема на располагање сета моќ на хибридниот спајдер – но бројките не се за занемарување. Примарната улога ја има 4-литарскиот Twin-Turbo V8 од Panamera Turbo S кој испорачува 550 коњски сили – и кој во оваа комбинација соработува со два електромотори кои испорачуваат по 136 коњски сили.

Резултатот? Импресивни 680 коњски сили и 850 Nm вртежен момент. Преведено во перформанси, тоа значи „стотка“ за 3.4 секунди и максимални 310 „на саат“ – но и импресивно ниска потрошувачка од само 2.9 литри на 100 километри (во ред, ова е малку амбициозно) и автономија на електрична енергија од 50 километри – ако сте нежни со педалата за гас, секако. Батеријата е со капацитет од 14.1 kWh и може да биде наполнета за 6 часа преку обичен електричен приклучок, или за 2.4 часа со брз приклучок.

Panamera Turbo S E-Hybrid ќе се нуди со стандардно, или со продолжено меѓуоскино растојание. Ако ја одберете поголемата, тогаш забрзувањето до 100 километри на час трае „дури“ 3.5 секунди, а дел од пакетот е и многу, многу опрема од другите изведби на Panamera. На крајот се поставува прашањето – дали е ова најдобрата изведба на Panamera? Можеби, можеби..



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.