full screen background image
Search

Opel се подготвува за сериозен настап во Женева

Opel се подготвува за овогодинешниот саем на автомобили во Женева – а таму најмногу внимание ќе добијат новата Insignia Grand Sport и караванската Grand Sports Tourer!

Opel се подготвува за сериозен настап во Женева – меѓу другите новитети, оваа година ќе ги видиме новата Insignia Grand Sport како и големиот караван кој ја носи ознаката Grand Sports Tourer, но Opel ќе отиде чекор понатаму ќе ја дебитира Opel Personal Assistant услугата која соработува со OnStar и нуди услуги за полесно да пронајдете паркинг место или да резервирате хотел.

Make it yours: The new Opel Exclusive program will allow customers to choose from an unlimited amount of colors for their new Insignia.

Германците се горди и на новата Opel Exclusive програма која ќе им овозможи на купувачите да ја персонализираат својата Insignia со уникатна боја. Купувачите ќе можат да изберат каква и да сакаат боја за својата Insignia Grand Sport, и понатаму ќе можат да изберат меѓу три завршни „финиши“ на бојата – првиот е трослоен финиш кој гарантира интензивен и мазен изглед, вториот е металик финишот кој ја истакнува сјаноста и рефлектира повеќе светлина, а третиот е бисерниот финиш кој има многу фини кристални слоеви во себе кои го истакнуваат сјајот на бисерната боја.

Clever loading: The new power tailgate can be opened by performing a kicking motion under the rear bumper.

Секако, Opel продолжува со својата 7 in 17 стратегија, која најавува дека германскиот производител ќе претстави дури 7 нови автомобили оваа година. На новите автомобили ќе им се приклучи и одличната нова Ampera-e која нуди електрична автономија од 520 километри (измерено во согласност со NEDC), авантуристичката Insignia Country Tourer, и флексибилниот Opel Vivaro. Секако, Opel ќе ги претстави и новите Crossland X и Grandland X кросовери, кои треба да ги исполнат желбите на купувачите кои бараат ваков автомобил.

Поврзано:   „Гром понуда“ за Opel Corsa!

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.