full screen background image
Search

Velar е најновиот Coupe-SUV модел на Range Rover

Четвртиот член од постојано прошируваната фамилија на Range Rover е наречен Velar и е делумно откриен пред да биде официјално претставен во целост на автомобилскиот саем во Женева следниот месец.

Наречен според првиот прототип на Range Rover од 1960-тите, Velar се сместува помеѓу моделите Range Rover Evoque и поголемиот Range Rover Sport во палетата на брендот. Единствената објавена фотографија прикажува поглед од високо кон задниот дел, кој открива мускулеста форма со темен панорамски стаклен кров и хоризонтални наместо вообичаените вертикални задни светлосни групи на Range Rover, како и далечен поглед кон мултимедијалниот систем со широк екран.

Според главниот дизајнер на Land Rover – Гери Мекговерн, Velar ќе биде авангарден Range Rover, кој донесува нова дизмензија на гламур, современост и елеганција за брендот. Иако не се споделени многу детали, не е тајност дека моделот е многу блиску поврзан со Jaguar F-Pace со кој ја дели истата алуминиумска IQ платформа, која им дава предност на перформансите наспроти теренските способности.

Се зборува дека Velar ќе се нуди со повеќе четири-цилиндарски и V6 агрегати кои се вградуваат во помалиот Evoque и поголемиот Sport, а потоа ќе следат и V8 верзија со високи перформанси и Plug-in хибрид. Иако не се споменати цените, доколку Velar ценовно биде сместен помеѓу Evoque и Sport, тој ќе биде директен противник на Porsche Macan и BMW X4 и X6.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.