full screen background image
Search

Ова е караванската изведба од новиот Hyundai i30

Корејскиот бренд ќе настапи на автомобилскиот саем во Женева со светска премиера на караванската верзија од новата генерација на i30.

Новиот i30 Wagon е 245 милиметри подолг од компактната изведба, а целиот дополнителен простор се наоѓа позади задната оска, така што меѓуоскиното растојание останува неизменето на 2,650 милиметри. Како резултат на тоа е значително зголемување на багажниот простор, кој собира 602 литри со кренати задни седишта и 1,650 кога се тие преклопени, со што ги надминува директните конкуренти во “товарните војни”.

Моделот ќе се нуди во избор со три турбополнети бензински агрегати вклучувајќи 1.0-литарски три-цилиндарски мотор со 118 кс и 1.4-литарски четири-цилиндарски со 138 кс и три верзии од 1.6-литарскиот дизел агрегат со 94 кс, 108 кс и 131 кс. Сите погонски единици ќе бидат усогласени со шест-степен рачен менувач, додека некои од нив ќе може да се нарачаат со автоматска трансмисија со двојна спојка. Погонот ќе се задржи само на предните тркала.

Продажбата на новиот i30 караван се очекува да започне во текот на втората половина од оваа година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.