full screen background image
Search

Буџет-брендот на Volkswagen наменет за Кина доби зелено светло

Претставници на германскиот концерн потврдија дека Volkswagen групацијата планира да претстави нов буџет бренд наменет за пазарите во подем, чии модели би чинеле околу 9500 евра.

Претставници од Volkswagen потврдија за Auto Express дека буџет-ориентираниот бренд на Volkswagen групацијата ќе биде лансиран во Кина во 2019. Според она што се најавува, брендот ќе понуди мал седан, а понатаму и компактен SUV. Сепак, она што го потврдуваат е дека на почетокот овие автомобили ќе се нудат само на кинескиот пазар.

Желбата на Volkswagen е дополнително да ја зајакне продажбата во Кина (каде во 2016-та година продадоа 2.99 милиони возила), а понатаму да ги понудат возилата и во Мексико, Бразил и Индија. Од Volkswagen кажуваат дека немаат желба да ги понудат возилата надвор од тие неколку пазари.

Новиот автомобил ќе се произведува во Кина, во соработка со FAW – кинескиот партнер на Volkswagen групацијата – и ќе ја користи PQ платформата која се користеше за шесттата генерација на Golf.

Одговорниот за развој во Volkswagen – Dr. Frank Welsch потврди – „автомобилот наменет за Кина е во развој, пред две години размислувавме само за седан, но истражувањата на пазарот во Кина ни кажаа дека покрај седанот, мораме да понудиме и SUV.“ Според најавеното, автомобилите во Кина би користеле бензински мотори.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.