Aston Martin V8 и V12 Vantage добиваат специјални Red Bull Racing верзии! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Aston Martin V8 и V12 Vantage добиваат специјални Red Bull Racing верзии!

Со цел да ја прослави соработката со Red Bull Racing, британскиот бренд ги претстави новите V8 и V12 Vantage Red Bull Racing!

Обете возила се направени од страна на Q-дивизијата на Aston Martin, а ќе се нудат од втората четвртина на оваа година. Во ред, разликите и не се спектакуларни – уникатна е комбинацијата на бои кои ги красат овие автомобили (Mariana Blue, жолта и црвена боја – боите на RBR Formula 1 тимот). Доколку купувачите сакаат поинаква комбинација, можат да изберат Tungsten Сребрена или пак сатенска Mariana Blue.

Меѓу другото, специјалните едиции добиваат и карбонски преден сплитер, карбонски дифузери и карбонска рамка на маската на ладилникот. Кабината добива уникатни опшивки, управувач обвиен во алкантара, карбонски детали во ентериерот и Red Bull Racing извезено на потпирачите за глава. Интересен детал е можноста купувачите да одберат кој возач сакаат да го потпише нивното возило – секој автомобил ќе добие уникатен сериски број и мала плакета со потпис од Daniel Ricciardo или Max Verstappen.

Претседателот на Aston Martin – Andy Palmer – изјави дека „моторспортот секогаш бил и ќе биде значаен дел од ДНК-та на Aston Martin, а овие специјални верзии ги носат тие вредности директно кон нашите купувачи. Наскоро ќе започне новата F1 сезона, а со овие возила ќе ја донесеме возбудата малку поблиску до оние среќни неколкумина кои не можат да дочекаат таа да започне.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.