full screen background image
Search

Електричниот Elextra супер-автомобил ќе забрзува до стотка за 2.3 секунди!

Нов ден, нов конкурент на Tesla – кој амбициозно најавува дека ќе биде меѓу најбрзите автомобили на светот.

Според креаторите на Elextra, новиот автомобил ќе може да забрза до 100 километри на час за само 2.3 секунди. Електричниот супер-автомобил ќе има четири врати, четири седишта и погон на сите четири тркала.

Зад Elextra стојат двајца релативно анонимни играчи – данскиот бизнисмен Paul Sohl и швајцарскиот дизајнер Robert Palm. Според Palm, „идејата позади Elextra е да комбинира чисти линии кои асоцираат на највозбудливите италијански супер-автомобили од минатото со директен поглед кон иднината. Сето ова е благодарение на нискиот, мазен и привлечен дизајн – во комбинација со најнапредната технологија која денес се нуди.“

Elextra ќе се произведува во близина на Штутгарт, но дизајнот е швајцарски. На самиот почеток ќе бидат произведени само 100 примероци, а во следните неколку месеци ќе бидат објавени повеќе фотографии и детали. Од компанијата не објавуваат какви се долгорочните планови, но со оглед на тоа дека не се објавени скоро никакви информации – остануваме скептични.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.