Alfa Romeo го лансира новиот Stelvio во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alfa Romeo го лансира новиот Stelvio во Европа

По многу години чекање, брендот Alfa Romeo конечно може да им понуди свој сопствен SUV модел на своите фанови.

Наречен според фамозниот планински премин во Северна Италија, првиот SUV на Alfa Romeo сега е достапен во Европа а може да се добие во First Edition или Quadrifoglio изведба. На самиот почеток, кросоверот ќе биде понуден во три варијанти: Stelvio, Stelvio Super и Stelvio Tecnica. Основиот модел добива 17-инчни тркала, 8.8-инчен мултимедијален систем, аудио систем со осум звучници, паркинг сензори, темпомат, електричен багажник, како и сензори да дожд и светлина.

Што се однесува до безбедноста, основиот модел е дарежливо опремен со предупредување за напуштање на коловозната лента, автономно сопирање во итни случаеви, заштита за пешаци и предупредување во случај на можност за преден судир.

Stelvio Super е опционално достапен со Luxury пакет кој додава елементи од дрво и целосно кожни седишта со греење и електронско прилагодување. Тука е и Sport пакет кој содржи волан со греење, спортски седишта со нагласена странична поддршка(исто така со греење и електрично прилагодување), како и детали од алуминиум и челични педали.

Врвното Tecnica ниво ќе биде понудено само со дизел агрегат и ќе располага со надграден 8.8-инчен Alfa Connect 3D Nav систем, ксенонски адаптивни предни светлосни групи и електрични ретровизори на преклопување.

Палетата на погонски единици ќе опфаќа 2.0-литарски бензински агрегат и 2.2-литарски турбодизел. Бензинскиот мотор произведува 280 кс и 400 Nm вртежен момент, што му обезбедува забрзување од 0-100 км/ч за 5.7 секунди и максимална брзина од 230 км/ч. Дизелскиот агрегат може да се добие со 180 или 210 кс, но на почеток ќе биде достапен само вториот. Истиот има 470 Nm и му овозможува на Stelvio да забрза од место до 100 км/ч за 6.6 секунди кон максималната брзина од 214 км/ч.

Сите мотори ќе бидат усогласени со осум-степен ZF автоматски менувач кој ја испраќа силата кон двете оски преку Q4 систем за погон на сите тркала.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Alfa Romeo го претстави новиот Milano!

Цените ќе бидат објавени заедно со лансирањето на моделот, кое е закажано за во Есен.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.