full screen background image
Search

Carlos Ghosn се повлече од водечката позиција во Nissan за да се фокусира на Mitsubishi

Carlos Ghosn се одлучи да отстапи од неговата позиција како извршен директор и претседател на Nissan по 16 години зад кормилото на компанијата.

Ghosn ќе продолжи да работи како претседавач на бордот на директори и ќе настојува да ја реобнови неговата позиција на генерален акционерски состанок во Јуни. Неговата одлука да ја напушти неговата позиција во Nissan доаѓа како изненадување, но е целосно разбирлива.

Покрај тоа, Ghosn е исто така главен извршен директор на групацијата Renault, претседавач на алијансата Nissan-Renault и нов претседател на Mitsubishi. Тој ќе има полни раце работи да ја подобри моменталната не така сјајна ситуација во Mitsubishi Motors, над коja Nissan откупи контролирачки удел минатата година.

Местото на Ghosn ќе го пополни Хирото Саикава – Nissan-овиот ко-извршен директор, кој ќе ја преземе позицијата на CEO и претседател на 1ви Април 2017. Саикава започна со работа во Nissan во 1977 и исто така беше член на бордот на директори во Renault помеѓу 2006 и 2016.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.