full screen background image
Search

Игор Стефановски Иџе е првиот македонец со рекорд на Водно!

Викендов на Водно се одржа 37 Меѓународен Ридски Натпревар во Автомобилизам, каде Иџе постави рекорд!


Викендов Водно беше домаќин на 37 Меѓународниот ридски натпревар во автомобилизам, кој се бодува за ФИА централноевропската зона.

На натпреварувањето кое се одржа во неделата на 21.07.2019, македонскиот најуспешен натпреварувач и европски шампион во трките од оваа категорија, Игор Стефановски Иџе, постигна рекорд од 02:02:09. Постигнатото време е за 2 секунди подобро од последниот рекорд во категоријата. Интересно е тоа што за првпат во историјата на ридско-брзинските трки на Водно, Македонец е сопственик на поставен рекорд.

Според шампионот Стефановски, конечно е исполнет сонот. Постигнат е долго посакуваниот рекорд!

„Ми беше криво што натпреварувачи од други земји го имаа рекордот на патеката, која беше главна за моите почетоци во автомобилскиот спорт. Јас го имав македонскиот рекорд, но не и севкупниот рекорд на оваа патека. Конечно мисијата е завршена. Јас како Македонец сум горд што го имам и македонскиот, но и рекордот на оваа патека воопшто. Им се заблагодарувам на луѓето од мојот тим. Тие овозможија овој автомобил кој е подготвен за друг вид на натпреварување, да се приспособи за да можам да настапам на оваа трка.“- изјави Иџе.

Му честитаме на Иџе за рекордот и му посакуваме уште многу, многу успеси!

Извор: PR АКК Стефановски

Фотографии: Игор Христовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.