full screen background image
Search

Трета последователна победа на Мартин Делев на Twingo Cup!

Мартин Делев постигна хет трик – и триумфираше и на третата трка на Twingo Cup која се одржа вчера на Водно.

Откако Мартин два пати беше најбрз на кружните трки на патеката во Кичево, Делев се докажа и на ридската патека. Тој го освои првото место со вкупно време на двете трки од 5:36,64 минути, додека зад него финишираше Емил Нацка (5:38,11 минути), а на подиумот како третопласиран се искачи и Слободан Трајковски (5:39,20 минути).

Од четвртото до осмо место се пласираа Давид Малинковски, Владимир Тренески, Сашо Кочовски, Никола Тоневски и Ненад Костовски, додека пак Ангелче Стојковски не ја заврши трката.

Следната трка на Twingo Cup е закажана за 1ви Септември во Белград (Ушче).



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.