full screen background image
Search

Намалување на цените на горивата!

По неколку последователни зголемувања на цените на горивата, од вечерва на полноќ цените на горивата во нашата земја се намалуваат за половина, односно еден денар.

Во согласност со методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 1.98%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за по еден денар, и еден литар од овие горива ќе чини 69.50, односно 71.50 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за половина денар и еден литар дизел гориво ќе чини 61.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат до следната пресметка.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.