full screen background image
Search

Skoda подготви мало освежување за Karoq и Kodiaq

Чешкиот бренд подготви дискретно освежување за своите популарни SUV модели – кое вклучува ситни визуелни измени, но и грст нови технологии.

Од Skoda кажуваат дека со освежувањето, популарните SUV модели стануваат уште покомфорни и побезбедни. Интересен новитет е Side Assist системот кој го заменува досегашниот Blind Spot Detect System. Системот кој се користеше досега за препознавање возила во „слепата точка“ на автомобилот кој го возите имаше досег од 20 метри, но кај новиот систем досегот е импресивни 70 метри, како и светлосна индикација за објект во слепата точка поставен на внатрешната страна на страничните ретровизори.

Инаку, Karoq добива и нов 2-литарски TDI турбодизел со 190 коњски сили и 320 Nm вртежен момент кој ги исполнува Euro 6d-TEMP спецификациите. Овој мотор ќе може да се комбинира со погон на сите четири тркала и DSG автоматски менувач. Од друга страна, Kodiaq добива нови 20-инчни тркала кои ќе можат да се нарачаат кај Kodiaq Sportline, Kodiaq RS и Kodiaq L&K.

Дополнително, обата автомобили сега ќе можат да искомбинират DCC контрола за адаптивна шасија со погон на предните тркала, и ќе можат да добијат и KESSY keyless систем. Конечно, следејќи ги трендовите кои се наметнуваат кај Skoda со новата Scala (која неодамна беше претставена и кај нас) и освежениот Superb, името на брендот со големи букви е гордо истакнато на вратата од багажникот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.