Македонска промоција на новата Škoda Scala! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Македонска промоција на новата Škoda Scala!

Новиот ас во ракавот на Škoda – хечбекот Scala – денес беше ја имаше својата официјална македонска премиера.

По премиерата во Тел Авив, денес Scala го имаше своето официјално деби во Скопје. Новиот хечбек на Skoda е позициониран меѓу Fabia и Octavia и е своевидна замена за Rapid, но ние сепак би рекле дека припаѓа во класата погоре. Со Scala, Škoda ќе се обиде да постави нова дефиниција во сегментот на компактни семејни автомобили.

Инаку, како што веќе еднаш пишувавме, името Scala е всушност латински збор кој означува скалила, а од Skoda кажуваат дека името е избрано за да го означи напредокот кој токму овој автомобил го носи во својот сегмент. Истовремено – во однос на дизајнот – Scala ја воведува новата фаза во дизајнот на моделите на Skoda. Scala ја карактеризираат чисти и остри линии, и тродимензионални форми кои имаат задача да го истакнат автомобилот меѓу конкурентите. Но сепак – Scala останува Skoda – а тоа значи дека е врвно-практичен автомобил, со најдарежлива кабината во класата, како и огромен багажник.

Миле Станчев – Бренд Менаџер на Škoda на нашиот пазар – во своето обраќање кон новинарите изјави: „Би сакал и да истакнам дека Škoda Scala е најважниот модел за брендот Škoda на македонскиот пазар, затоа што нуди најголема вредност за вложените пари. Отсега и македонските купувачи ќе може да добијат модерен, просторен, технолошки напреден и безбеден автомобил за цена далеку поприфатлива споредено со директните конкуренти во компакт класата. Да и посакаме добредојде на Škoda Scala, идната звезда и best-seller на Škoda во Македонија.“

На стартот на продажбата, на нашите купувачи Scala ќе им биде достапна со два турбо-бензинци – 1-литарскиот TSI и 95 или 115 коњски сили со мануелен или DSG автоматски менувач, како и еден турбо-дизел 1.6 литарски кој испорачува 115 коњски сили и може да има мануелен или DSG автоматски менувач. Најавено е дека моќниот 1.5-литарски TSI турбо-бензинец со 150 коњски сили ќе биде достапен од Октомври.

Поврзано:   Македонска премиера на освежените Škoda Scala и Kamiq

Ние наскоро ќе ја добиеме Scala на екстензивно тестирање, па ќе ги пренесеме нашите впечатоци од компактниот чешки хечбек.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.