Audi ги освежи екстериерот и ентериерот и на моќниот SQ7 TDI – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi ги освежи екстериерот и ентериерот и на моќниот SQ7 TDI

По неодамнешното освежување на големиот Q7, Audi ги обнови надворешноста и ентериерот на моќниот SQ7 TDI.

Промените на екстериерот вклучуваат нови предни светлосни групи, решетка и преден и заден браник, а исто така е додадена и хромирана лајсна која ги спојува двете задни светла. Претходните правоаголни издувни цевки се заменети со кружни, а во изборот се додадени и нови алуминиумски фелни.

Во кабината е постигната најзначајна разлика. Исто како кај освежениот Q7, така и спортскиот модел добива два екрани на централната конзола, од кои горниот служи како мултимедијален систем, а на долниот се наоѓаат контролите за клима уредот.

Другите новитети доаѓаат во вид на посјајни материјали. Листата на нови технологии е огромна и вклучува сериска дигитален инструмент дисплеј и опционален head-up дисплеј, Alexa виртуелен асистент, Wi-Fi hot spot, четири-зонски клима уред, меко затварање на вратите, Bang & Olufsen аудио систем, амбиентално светло, HD Matrix LED предни светла итн.

Погонската единица под поклопецот останува непроменета. 4.0-литарскиот твин-турбо V8 дизел агрегат со електричен компресор продолжува да испорачува 435 кс и 900 Nm вртежен момент. Исто како претходно, забрзувањето од 0-100 км/ч трае 4.8 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 км/ч.

Сериски вградениот Quattro систем за постојан погон на сите тркала е усогласен со осум-степена tiptronic трансмисија, а новиот SQ7 доаѓа со управување на сите тркала. Оние кои сакаат пократка далечина на запирање ќе можат да доплатат за опционални карбонски керамички сопирачки.

Audi ќе започне да прима нарачки за обновениот SQ7 почнувајќи од крајот на месецов. Моделот ќе пристигне во Европа на крајот од Септември, а цената во Германија ќе биде 94,900евра за верзијата со пет седишта или 96.420 евра за верзијата со седум седишта.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Über-караван со 630 коњски сили - претставен Audi RS 6 Avant GT!


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.