AC Schnitzer претстави аеро бодикит за BMW i3s – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

AC Schnitzer претстави аеро бодикит за BMW i3s

Германскиот тјунер создаде пакет за дотерување на екстериерот на малиот хибриден модел на BMW, наменет за сопствениците кои сакаат малку поагресивен изглед.

На предниот дел, BMW i3s добива нов преден сплитер обоен во мат црна боја, додека позади се забележуваат кровен спојлер, а под вратите се сместени нови странични прагови. Сите делови се направени од полиуретан, и покрај нивната естетска улога, тие се навистина функционални бидејќи ја подобруваат аеродинамиката на автомобилот.

Исто така AC Schnitzer посветиле внимание на стабилноста на моделот и го опремиле со пониска суспензија која го доближува за 20 милиметри до подлогата, а исто така му вградиле дистанцијали, кои ги извлекуваат тркалата за 12 милиметри кон надвор.

Тјунерската компанија не објави слики од ентериерот, но објави дека малиот i3s добива цел асортиман од алуминиумски детали и темен дизајн на iDrive контролерот.

Погонската единица останува неизменета, така што BMW i3s продолжува да нуди 181 кс и истантен вртежен момент од 270 Nm. Тоа му овозможува забрзување од 0-100 км/ч за 6.8 секунди.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.