full screen background image
Search

Volkswagen ќе нуди самонивелирачки значки на тркалата

Исто како кај моделите на Rolls Royce, сега и автомобилите на Volkswagen ќе може да се нарачаат со значки на тркалата кои секогаш ќе стојат во исправена положба.

Направени за купувачите кои сакаат работите да им се поставени на вистинското место и во правилна положба, новите значки ќе стојат исправено без оглед на тоа со која брзина се движи возилото и во која насока ќе бидат тркалата. Со зборовите на Volkswagen – „Елемент преземен од супер-луксузниот сегмент пристигнува кај нивните модели.“

Сепак, можеби е малку иронично – но овие луксузни значки нема да одговараат на фелните на најлуксузните модели на брендот, ниту пак на најевтините. Листата на модели кои не можат да се добијат со значките ги вклучува Phaeton, Touareg, up!, Polo, T-Cross и старото Lupo. Со исклучок на нив, сите останати модели ќе можат да бидат опремени со самонивелирачките значки.

Значките ќе можат да се нарачаат во секој официјален продажен салон на Volkswagen.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.