Утринска Гимнастика: Битка на близнаците BMW Z4 и Toyota Supra – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Битка на близнаците BMW Z4 и Toyota Supra

Механичките делови на новите BMW Z4 и Toyota Supra се идентични, но дали и нивните перформанси се исти? Одговорот на ова прашање го дава магазинот Carwow во најновото видео.

Да се потсетиме, BMW и Toyota склучија соработка за заедничко развивање на моделите Z4 и Supra. Тие се поставени на иста шасија и користат исти погонски единици, меѓутоа ги разделија патиштата во понатамошното развивање и сетирање на автомобилите, па сите се прашувaа како би изгледала директна споредба помеѓу нив.

Погледнете го видеото и дознајте кој е побрзиот „близнак“!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.