7x Design го претстави проектот Ferrari GTO Vision – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

7x Design го претстави проектот Ferrari GTO Vision

Компанијата 7x Design создаде естетски редизајн, наменет за 488 GTB, украсен со дизајнерски елементи од иконските модели на Ferrari.

GTO Vision е навистина темелно доработен и изгледа како да излегува директно од дизајнерското студио на Ferrari, a не како да е проект на некоја надворешна компанија. Навистина, посветеноста на деталите делува врвно.

Моделот на модерен начин реинтерпретира дизајнерски елементи од историските модели 288 GTO и F40 – особебо во делот на предниот браник, овалниот страничен отвор за воздух,  тројните отвори за воздух кај задните тркала и делот кај задните светла со спојлерот.

Исто така доаѓа и со задни трака со повисок профил од она што сме навикнати да го гледаме кај модерните суперавтомобили, но тоа е повторно одлика која многу потсетува на F40. Сепак, исто така се забележуваат и модерни елементи како одделените задни крилца како кај екстремниот FXX K и формата на темниот отвор за воздух на задниот браник со светлата како кај F12berlinetta.

7x Design веќе зема нарачки на пакетот од  сите оние кои поседуваат 488 GTO или неговиот наследник – F8 Tributo. Првите пет купувачи ќе можат да го купат пакетот за 1.35 милиони евра, меѓутоа оние останатите кои ќе сакаат да го добијат овој изглед ќе треба да издвојат 1.8 милиони евра.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.