ОФИЦИЈАЛНО: BMW ја претстави најновата генерација на роудстерот Z4! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ОФИЦИЈАЛНО: BMW ја претстави најновата генерација на роудстерот Z4!

Баварскиот производител и официјално ја претстави најновата генерација на компактниот роудстер Z4 – и тоа во M40i изведба со 335 коњски сили!

BMW го претстави новиот Z4 – и тоа во специјалната First Edition изведба во M40i конфигурација.

Таа конфигурација значи дека добива специјална Frozen Orange Metallic боја, 3-литарски линиски шест-цилиндерски мотор кој испорачува 340 коњски сили и забрзување до 100 километри на час за само 4.6 секунди. Дел од специјалната едиција е и адаптивна суспензија, M Sport сопирачки, електронски-контролиран заден диференцијал и уште многу, многу повеќе.

Кабината е целосно ориентирана кон возачот и има за цел да понуди врвно возачко искуство. Пред возачот се поставени дигиталните инструменти, а во централната конзола е интегрирана најновата верзија на iDrive инфозабавниот систем. Возачот и совозачот ќе седат во супер-секси спортски седишта кои сигурно нудат одлична странична поддршка – и едноставно, ќе уживаат во возењето!

Сите дополнителни информации околу други верзии ќе бидат објавени на 19ти Декември, а саемското деби ќе биде на Саемот на Автомобили во Париз.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.