full screen background image
Search

Škoda Kodiaq RS се подготвува за својата премиера!

Првиот RS-SUV на Skoda ќе дебитира на саемот на автомобили во Париз – и веќе знаеме дека ќе биде придвижуван од 240-коњски турбодизел!

Новиот Škoda Kodiaq RS е подготвен за своето деби на Саемот на Автомобили во Париз, во Октомври. Чешкиот бренд објави две официјални фотографии каде можеме да ја видиме формата на големиот и моќен SUV, но и новото RS лого кое ќе биде поставено на сите RS-модели на Škoda.

Ознаката RS за прв пат се појави во 2000-тата година, а токму Kodiaq RS ќе биде првиот SUV кој ќе ја носи оваа ознака. Значката RS означува Rally Sport, и влече инспирација од долгогодишната историја и многуте успеси кои Škoda ги има во светските рели натпреварувања.

Skoda Kodiaq RS ќе биде придвижуван од 2-литарски Bi-TDI турбодизел со четири цилиндри кој испорачува 240 коњски сили и 500 Nm вртежен момент. Со тоа, Kodiaq RS ќе го добие најмоќниот дизелски мотор кој некогаш се вградувал во модел на Škoda.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.