Renault најавува нов coupe-SUV кој ќе се вика Arkana – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault најавува нов coupe-SUV кој ќе се вика Arkana

Концептот кој Renault ќе го претстави во Москва ќе биде блиску до серискиот модел, и ќе го најави новиот Coupe-SUV кој ќе пристигне на пазарот следната година.

Името Arkana доаѓа од латинскиот збор „Arcanum“ кој значи тајна, и кој според Renault „со векови се користел да означи настани и феномени од специјална важност.“ Од Renault додаваат и дека „концептот на Arkana е поврзан со мистериозноста, привлечноста и водечкиот дух.“

Arkana ќе се прозведува во Москва, и се очекува да биде поставена врз платформата на руската верзија на Renault Captur која е малку поголема од европската. Рускиот Captur (односно Kaptur) може да се добие и со погон на сите четири тркала, па се очекува и Arkana да добие таква можност.

Сепак, дизајнерски Arkana ќе влече повеќе инспирација од тековниот Megane, со цел да биде поблиску до новиот визуелен идентитет на Renault. Премиерата на концептот е закажана за 29-ти Август.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.