full screen background image
Search

Hyundai ја освежи Elantra со затегнат дизајн и нови технологии

За следната моделска година, Elantra добива поагресивен дизајн – а дел од приказната се нов преден и заден дел, како и темелно преработен ентериер.

Дизајнот нема да биде по сечиј вкус, но веднаш ќе кажеме дека без сомнеж ќе биде забележителен. Новиот преден дел добива редизајнирана маска на ладилникот и прилично контраверзни нови предни светла. Профилните линии се воглавно неизменети, а задниот дел добива нови редизајнирани задни светла, редизајниран браник и интегриран спојлер во вратата од багажниот простор.

Кабината добива нов панел со инструменти, како и нов мултимедијален уред со 8-инчен дисплеј и побрз процесор. Надграден е и системот за навигација, а како дел од SmartSense системите за безбедност, Elantra добива Forward Collision Avoidance Assist, Lane Keep Assist со Driver Attention Alert, а  може да добие и систем за препознавање пешаци, Safe Exit Assist, Lane Change Assist и Blind Spot Collision Warning.

Сега за сега немаме официјални податоци околу моторите кои би се вградувале во Elantra, но претпостауваме дека добро-познатиот 1.6-литарски атмосферски бензинец ќе продолжи да биде дел од успешната приказна, а свое место би требало да најдат и новите турбо-бензинци на Hyundai.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.