КОНЦЕПТ: Новиот Opel GT X Experimental ја најавува електричната иднина на брендот – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

КОНЦЕПТ: Новиот Opel GT X Experimental ја најавува електричната иднина на брендот

Под новото водство на PSA, Opel планира да лансира електрична верзија на секој свој модел до 2024, а со новиот концепт не само што ги потврдуваат тие амбиции, туку и на голема врата ја најавуваат дизајнерската насока на брендот.

Концептот кој Opel го најави пред само неколку недели, сега го гледаме во целост. Новиот Opel GT X Experimental е кросовер со купеовска форма и јасно и гласно го најавува дизајнерскиот стил во кој ќе се движи германскиот бренд. Интересни детали има насекаде – од Matrix LED предните светла, преку интересната контрастна линија која е дел од кровот, па сè до тенките задни светлосни групи кои дополнително ја истакнуваат динамичноста.

Концептот всушност има и задни врати – но тие се отвораат наназад и овозможуваат лесен приста кон задните седишта. Кабината е минималистичка, со тенок управувач и дигитален панел со инструменти. Сега за сега нема официјални информации околу погонот на концептот, но познавачите кажуваат дека се работи за електричен автомобил со литиум-јонска батерија со капацитет од 50 kWh. Силата се пренесува преку електромотор кон предните тркала.

Овој концепт е одличен показател за слободата која Opel ја има под капата на PSA – иако стратегијата на PSA е да ги намали трошоците, сепак долгорочно иднината на Opel ја гледаат во електрификација и посебен акцепт ќе биде даден токму на дизајнот, па судејќи по она што го гледаме, Opel има светла иднина!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.