full screen background image
Search

Ford го претстави европскиот Ranger Raptor!

Развиен од страна на Ford Performance, европскиот Ranger Raptor ќе користи твин-турбо EcoBlue турбодизел кој испорачува 213 коњски сили и 500 Nm вртежен момент!

Новиот Ranger Raptor е првиот пикап ориентиран кон перформансите кој Ford официјално ќе го нуди и во Европа. Под поклопецот на моторот се крие 2-литарски EcoBlue турбодизел со два турбополначи и четири цилиндри кој испорачува 213 коњски сили и 500 Nm вртежен момент. Силата ќе ја пренесува кон сите четири тркала преку 10-брзински автоматски менувач.

Со цел да може да понуди уште подобри теренски перформанси и агресивно возење надвор од асфалтот, шасијата на Ranger Raptor е дополнително зајакната, а добива и адаптивни Fox амортизери со алуминиуски делови како и специјална задна суспензија. Надградба добиваат и сопирачките – и предните и задните дискови се со димензии од 332 милиметри, а Ranger Raptor добива и специјални BF Goodrich 285/70 пневматици поставени на 17-инчни тркала.

Ford Ranger Raptor ќе им биде достапен на купувачите наскоро – а ние се надеваме дека ќе имаме можност да го возиме!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.