Во Македонија пристигна и најновиот SUV на Audi – големиот Q8! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во Македонија пристигна и најновиот SUV на Audi – големиот Q8!

Знаменосецот на SUV гамата на од Инголштад – новиот и голем Q8 – пристигна во салонот на Audi во Скопје!

Новиот Q8 има навистина интересни пропорции – тој е пократок, поширок и понизок од Q7, а сето тоа е со цел да се истакне динамичноста на новиот купе-SUV.

Како што веќе еднаш пишувавме, Q8 доаѓа со добро-познатиот quattro погон на сите четири тркала. Механичкиот среден диференцијал ја пренесува силата кон предната и задната оска во однос 40:60 во нормални услови, но е подготвен за само неколку милисекунди да го смени тој однос и да пренесе сила кон оската со повеќе тракција. Дополнително, Q8 е оддалечен од подлогата цели 254 милиметри, а суспензијата може да биде пониска или повисока за цели 90 милиметри, во зависност од условите на патот и желбите на возачот.

Сега за сега може да се добие само во изведба Audi Q8 50 TDI, односно со 3-литарскиот V6 TDI турбодизел кој испорачува 286 коњски сили и 620 Nm вртежен момент. Вака опремен, големиот SUV постигнува 100 километри на час за 6.3 секунди и максимални 245 километри на час.

Новиот Q8 е веќе изложен во салонот на Audi во Скопје!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.