full screen background image
Search

Ford утре ќе ја претстави новата Puma!

Веќе знаеме дека Ford подготвува нова Puma – но добивме информација дека новиот и модерен кросовер кој ќе го носи легендарното име ќе биде претставен утре!

Ние всушност веќе имавме можност да ја видиме новата Puma на Go Further настанот на Ford на кој бевме на почетокот на Април. Таму – покрај Puma – можевме да ги видиме и новата Kuga, како и новиот (и голем) Ford Explorer, како и новите хибридни верзии на Fiesta, Focus, Mondeo и многу други новитети.

Инаку, новата Kuga во хиерархијата на Ford ќе биде поставена меѓу компактниот EcoSport и веќе докажаната Kuga. Желбата на Ford е да евоцира спомени на супер-кул малото спортско купе кое се појави во средината на 90-тите, но сето тоа да го интерпретира во нов, модерен и тренди пакет. Во секој случај, премиерата е закажана за утре – и секако, ќе ги пренесеме сите детали.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.