full screen background image
Search

Со Vision M Next, BMW ја најавува иднината на уживањето во возењето

Vision M Next концептот на BMW е своевиден увид во иднината на спортските модели на баварскит бренд – и ветува многу, а тоа го гледаме преку хибридниот погон кој нуди вкупна системска моќност од 600 коњски сили.

Ајде прво да зборуваме малку за погонот на Vision M Next. Под кожата, овој концепт носи хибриден погон кој вклучува четири-цилиндерски бензински мотор и соодветна комбинација од батерии и електромотор. Системската моќност е 600 коњски сили, кои пак овозможуваат лансирање „до стотка“ за рамно 3 секунди и максимална брзина од 300 километри на час. Погонот ќе може да понуди погон на сите четири тркала, или пак погон само на задните тркала, а ќе може да помине до 100 километри само на електрична енергија.

Одговорниот за дизајн во BMW – Adrian van Hooydonk – кажа дека „Ако BMW Vision iNext илустрираше како автономното возење ќе го трансформира животот во нашите возила, тогаш BMW Vision M NEXT демонстрира како врвната технологија може да го направи искуството кога самите се возите да биде почисто и поемотивно. Во обата модели, фокусот е цврсто на луѓето внатре, само пристапот е различен. Дизајнот и технологијата ги прават EASE и BOOST искуствата поприродни и поинтензивни.“

Во ред, сега мораме да објасниме што точно значат EASE и BOOST. EASE е кога сакате да се опуштите, и кога автомобилот ќе ве вози наваму-натаму, додека BOOST го нуди врвното возачко искуство.

Инаку, од BMW кажуваат дека концептот е инспириран од легендарниот BMW Turbo концепт од 1972-рата година, но препознаваме и дизајнерски елементи од хибридниот i8. Сепак, уникатни за Vision M Next се Laser Wire предните светла – и на крајот на денот, признаваме дека ова е еден од најспектакуларните концепти кои сме ги виделе во последно време. Vision M Next добива и технологија за препознавање на лица, која всушност овозможува автомобилот самиот да се отклучи автоматски кога возачот ќе му се приближи. Кабината е минималистичка, и според Domagoj Dukec, геометријата на дизајнот е намерно дискретна, за возачот да може максимално да се концентрира на возачкото искуство.

Поврзано:   НЕОФИЦИЈАЛНО: BMW M2 CS - Достоинствено пензионирање на тековниот M2!

Тука „на сцена“ стапува Boost Pod – односно интерфејсот меѓу возачот и автомобилот. Сите детали и команди се поставени на три „нивоа“ поставени директно во погледот на возачот. Две од овие нивоа се директно зад управувачот (кој патем, изгледа како да е од вселенски брод). Третото ниво е хед-ап дисплеј поставен директно пред возачот, проектиран на ветробранското стакло.

Спектакуларно, нели?

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.