full screen background image
Search

Прва фотографија од новатa Ford Puma!

На вчерашната Go Further презентација на Ford во Амстердам делумно ни беше прикажана и новата Puma – Ford утринава ја објави првата официјална фотографија.

Сега за сега знаеме дека Puma ќе биде поставена меѓу EcoSport и новата Kuga во хиерархијата на Ford. Наскоро ќе имаме повеќе материјали, но сега за сега погледнете ја оваа фотографија.

На Go Further конференцијата беше покажана новата Kuga (за која веќе ги објавивме сите информации), новиот Ford Explorer, како и хибридните верзии на Focus и Fiesta. Наскоро ќе објавиме многу повеќе за хибридните планови на Ford.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.