full screen background image
Search

Настинувате често? Можеби ќе сакате да размислите за нов Jaguar во иднина

Јaguar Land Rover групацијата изјави дека „тестира голем број технологии за зголемување на добросостојбата на патниците во своите автомобили“. Дел од нив се наменети кон унишување на бактерии и вируси одговорни за ширење на грипови и настинки.

Доколку секоја година ве „фаќа“ сезонска настинка, и ако овие технологии стигнат до сериско производство, можеби во идните планови ќе треба да вметнете и нов Jaguar, Land Rover или пак можеби Range Rover.

Самата технологија е базирана на ултравиолетови зраци и е планирано да се вметне во уредите за вентилација во автомобилите. Ултравиолетовите зраци се користени во медицината повеќе од 70 години, па од откритијата направени низ времето, од Jaguar Land Rover откриваат дека ултравиолетови зраци емитирани на бранова должина од 200-280 нанометри се доволни за уништување на патогени микроорганизми преку разградување на нивната ДНК структура.

Нема дефинитивен период кога оваа технологија ќе започне да ги прочистува кабините на сериски произведуваните модели, но од британскиот гигант велат дека и сегашните системи за вентилација емитираат јонизиран воздух, чии негативно наелектризирани честички имаат потенцијал да уништат некои патогени микроорганизми.

Од Jaguar Land Rover велат дека имплементацијата на алатки за зголемување на добросостојбата на патниците е дел од нивниот план за создавање на кабина која е „мирно засолниште“ од надворешниот свет. „Нашите купувачи поминуваат околу 300 часови годишно во возење, и ние, преку имплементирање на вакви системи, целиме кон подобрување на нивниот квалитет на живот“ – додава Steve Iley, шеф на медиа одделот на Jaguar Land Rover.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.