Секоја година во Јута се одржува Jeep Easter Safari – и легендарниот американски бренд и оваа година подготви концепти токму за овој настан.
На фотографиите не можеме да видиме многу – но можеме да препознаеме два концепти. Едниот е базиран на Jeep Gladiator и добива сериозни оф-роуд модификации, додека вториот концепт е базиран на Wranger кој добива дополнително осветлување и уште некои ситни детали.
„Jeep и Mopar брендовите направија неколку концепти за Easter Jeep Safari. Овие концепти ќе одат во Моаб, Јута, и наскоро ќе објавиме многу повеќе податоци“ – рекоа од Jeep. Сега за сега, немаме дополнителни информации, но сигурни сме дека – како и секогаш – возилата на Jeep ќе го привлечат вниманието на сите ентузијасти, особено на оние кои сакаат „да акаат по беспаќа“.