full screen background image
Search

Регулаторна: 98-октанскиот бензин и дизелот поскапуваат за половина денар

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на гориват – оваа седмица цените на 98-октанскиот бензин и дизелот се зголемуваат за по половина денар.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, оваа седмица малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.66%.

Цената на 95-октанскиот бензин останува непроменета, и еден литар „95-ка“ и понатаму ќе чини 67.00 денари. Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се зголемуваат за по половина денар, па соодветно на тоа еден литар „98-ца“ ќе чини 69.50 денари, а еден литар дизел ќе чини 60.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат една седмица.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.