Моделите од 500-гамата на Fiat се продадени во три милиони примероци – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Моделите од 500-гамата на Fiat се продадени во три милиони примероци

Убава вест за 500-гамата на Fiat – овие возила ја надминаа бројката од три милиони продадени возила во Европа.

Fiat 500 ги освои купувачите – едноставно, малиот, шармантен автомобил од една страна е идеален за градскиот метеж, а од друга страна неговиот ретро-дизајн се покажува како победнички. Во гамата ќе ги најдете и повеќенаменскиот Fiat 500L, но и робустниот Fiat 500X (прочитајте го нашиот тест).

Семејството Fiat 500, инаку, достигнува успех на интернационално ниво: 62% од продажбата е регистрирана надвор од Италија и со тоа останува првиот пазар пред Велика Британија, Франција, Германија и Шпанија. Рекордниот Fiat 500 е кабрио верзија и облечен во ѕвездено бела боја, збогатена со розева нијанса, која совршено се прилагодува на ексклузивниот ентериер во комбинација на песочно-црна боја и елегантната обработка Matelassé (двослојна ткаенина проткаена со украсна нишка) со детали во екокожа и извезено лого 500 во бордо боја.

Меѓу тајните на ваквиот успех е и способноста да се испитуваат нови територии, оживувајќи на тој начин семејство на автомобили различни меѓу себе по намената, формата и карактерот, но кои споделуваат иста матрица: Фиат 500. Симболот Made in Italy кој се потврдува низ светот благодарение на италијанскиот стил, постојаната иновација и премиум квалитетот, Fiat 500 ги прекрши традиционалните правила на сопствениот пазар, покажувајќи дека еден мал градски автомобил може да постигне глобален триумф и да биде предводник на цело семејство на симпатични и пристапни автомобили кои обезбедуваат максимална слобода на избор и употреба. Fiat 500 прави чекор нанапред со претставување на новата гама која е збогатена со значајни дополнувања, меѓу кои се истакнуваат двете нови верзии на врвот од гамата Star и Rockstar.

Извор: PR Fiat



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.