Прославен Меѓународниот Ден на Volkswagen Буба – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Прославен Меѓународниот Ден на Volkswagen Буба

22-ри Јуни е меѓународниот ден на легендарната Volkswagen Буба, а нашиот клуб на фанови и возачи на легендарниот германски автомобил вчера го прослави токму овој празник.

Легендарната Volkswagen Буба се произведуваше сè до 2003-тата година, и во периодот од 1938-мата, па сè до 2003-тата година се произведени 21.529.464 примероци! Без сомнеж, Бубата (или Beetle, или Bug, или пак Käfer ако сакате) е еден од најкултните, најпрепознатливите и најнезаменливите автомобили во историјата на автомобилите. Зенитот на производство на Буба е постигнат во 1971-вата година, кога се произведени 1.3 милиони примероци.

Нашиот Буба Клуб Македонија вчера во ресторанот Портофино го прослави светскиот ден на Бубата. Неколкуте изложени примероци го привлекоа вниманието на многуте минувачи на кејот на Вардар – особено на најмладите. Во прилог погледнете неколку фотографии од вчерашното дружење.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.