full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Audi SQ8 доаѓа со монументален турбодизел со 430 коњски сили!

Audi конечно го официјализираше големиот SQ8 – кој добива 4-литарски турбодизел со три турбополначи за вкупно 430 коњски сили  и 900 Nm вртежен момент!

Ајде прво да зборуваме за моторот. Во суштина, тоа е истиот 4-литарски би-турбо V8 TDI кој се вградува и во SQ7, но тука во играта влегува и електричен турбо-компресор за целосно да се елиминира турбо доцнењето. Преведено во статистики, тоа значи 430 коњски сили, како и 900 Nm вртежен момент достапни од само 1000 вртежи во минута. Секако, бидејќи се работи за Audi, силата се пренесува кон сите четири тркала преку quattro погон и автоматски менувач со 8 брзини.

Дополнително, SQ8 доаѓа со лајт-хибриден систем кој овозможува движење на електрична енергија при брзини до околу 20-тина километри на час – идеално за градските тргни-застани ситуации. Силата за ова доаѓа од 48-волтна батерија и електричен систем – истите кои се задолжени за придвижување и на електричниот компресор.

Во ред, но што значи сето ова во однос на перформанси? Бенчмаркот од 100 километри на час пристигнува за 4.8 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 250 километри на час. Audi SQ8 ќе го препознаете по вертикалните „решетки“ на маската на ладилникот, големите тркала како и редизајнираниот заден дел кој добива четири вистински и функционални завршетоци на издувниот систем. Кабината добива детали од карбон и алуминиум, како и одлични спортски седишта.

Сепак, вреди да напоменеме дека SQ8 добива и адаптивна воздушна суспензија, активни анти-рол барови за подобро управување односно зголемени нивоа на комфор, како и систем за управување на сите четири тркала. Ќе го добиете и Audi Drive Select системот со неколку различни режими на работа, како и опција за моќни карбон-керамички сопирачки.

Поврзано:   Audi AI:Trail е визија за автономно теренско возило од иднината


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.