full screen background image
Search

Тјунерите од ABT подготвија Amarok V6 TDI со 306 коњски сили

Инженерите од ABT Sportsline му посветија внимание на Volkswagen Amarok – и направија возило подготвено за секаков терен кое добива 306 коњски сили и 630 Nm вртежен момент од 3-литарскиот V6 TDI!

Да се разбереме – ниту стандардниот V6 TDI во Amarok не е за потценување. Шест-цилиндерскиот турбодизел веќе испорачува 258 коњски сили и 580 Nm вртежен момент, но по малку „баење“ од страна на инженерите од ABT, тој сега испорачува 306 коњски сили и одлични 630 Nm вртежен момент. Благодарение на ова, сега Amarok може да забрза до 100 километри на час за 7.8 секунди и да постигне максимални 211 километри на час.

Секако, доколку имате некоја друга верзија на Amarok, тука се дечките од ABT да ви помогнат и вам – па ако ја имате послабата верзија на 3-литарскиот V6 TDI која испорачува 224 коњски сили, таа може да биде навиена на одлични 265 коњски сили. Ако го имате Amarok со 2-литарскиот TDI со 180 коњкси сили кој се нудеше пред фејслифтот, тој може да биде навиен на рамно 200 коњски сили.

Во секој случај, прочитајте го нашиот тест на освежениот Volkswagen Amarok.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.