ПРЕМИЕРА: Seltos е новиот глобален кросовер на KIA – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Seltos е новиот глобален кросовер на KIA

По неколку протечени фотографии и неколку најави, KIA официјално го претстави Seltos – малиот, компактен SUV кој ќе биде понуден на глобалниот пазар.

Мораме да признаеме дека Seltos отскокнува од другите модели на KIA – иако препознаваме елементи од други модели на брендот, сепак Seltos има свој, индивидуален карактер кој храбро се издвојува од преостанатата гама на корејскиот бренд. Ја носи најновата интерпретација на предната маска која е карактеристична за брендот, но сепак изгледа значително поробустно и подоминантно од другите SUV и кросовер модели на KIA.

Сега за сега, немаме официјални фотографии од ентериерот, но од објавените скици можеме да видиме дека Seltos ќе добие модерна и чиста кабина, каде централната локација ја добива 10.25-инчен мултимедијален уред, а купувачите ќе можат да нарачаат и дигитален панел со инструменти, како и Bose премиум аудио систем и многу, многу други „играчки“.

Инаку, во однос на моторите – во зависност од пазарите, Seltos (на самиот старт) ќе се нуди со два бензински мотори и еден турбодизел. Бензинците доаѓаат во форма на 1.6-литарскиот T-GDI со 177 коњски сили, како и 2-литарски атмосферец со 150 коњски сили – но очекуваме дека овој мотор ќе се нуди на азиските пазари, додека во Европа очекуваме далеку поширока гама на мотори. Дизелот е во форма на добро-познатиот 1.6-литарски CRDi турбодизел со 134 коњски сили. Во зависност од избраниот мотор, ќе можете да одберете меѓу шест или седум-степен автоматски менувач, како и CVT менувач. Повторно, очекуваме дека на купувачите во Европа ќе им биде понуден и мануелен менувач.

Seltos ќе се произведува во неколку фабрики на KIA ширум светот, со цел да може да се задоволат потребите на сите пазари каде овој супер-тренди модел ќе се нуди.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Kia EV3 ќе го освојува пазарот со автономија до 600 километри!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.