full screen background image
Search

Новиот KIA Ceed сега е достапен со 1-литарски турбо-бензинец и интересниот Black Pack!

Новиот Ceed веќе е навистина популарен кај нашите купувачи – а сега е достапен со уште поинтересен мотор – 1-литарскиот T-GDI турбо-бензинец со 120 коњски сили!

Понудата на Ceed кај Kia Motors Macedonia е збогатена со уште една верзија. Во салоните на Kia Motors низ Македонија веќе е достапна Black Pack едицијата на Ceed. Овој модел од понудата е комбиниран со новиот 1.0 T-GDi турбо мотор кој испорачува 120 коњски сили при 6000 вртежи во минута и одлични 172 Nm вртежен момент од 1500 до 4000 вртежи во минута.

Ceed опремен со овој мотор може да забрза до 100 километри на час за 11.1 секунда и да постигне максимални 190 километри на час. Секако, интересен новитет е и Black Pack едицијата која всушност е надградена верзија на LX Vision нивото на опрема со Black Pack додатоци во надворешниот изглед. Нивото на опрема во LX Vision е надополнето во надворешниот изглед, а во себе покрај стандардната опрема ги вклучува капачињата за ретровизори во црна мат боја и 16-инчни алуминиумски тркала во црна боја.

Со овој мотор, Ceed ветува дека ќе стане уште позабавен Вака спакуваната опрема во комбинација со турбо моторот, создава автомобил кој навистина е поинтересен и ветува многу повеќе забава зад управувачот.

Моделот е достапен во продажните салони на Kia Motors Macedonia и можете да закажете тест возење во секое време, а ние наскоро ќе го добиеме на тест и ќе ги пренесеме нашите впечатоци. Во меѓувреме, прочитајте го нашиот тест на Ceed опремен со 1.4-литарскиот атмосферски бензинец со 100 коњски сили.

Поврзано:   ТЕСТ: KIA Proceed 1.6 T-GDI 204 DCT7 GT - Убавината на неконвенционалното

Фотографии



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.