Вечерно Кино: Поглед кон идната сезона на Top Gear – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно Кино: Поглед кон идната сезона на Top Gear

Се појави првото кратко видео од идната сезона на Top Gear, која доаѓа ова лето со два нови водители покрај одличниот Крис Харис.

Иако тукушто заврши тековната сезона на Top Gear, веќе пристигна најавата за следната сезона каде Мат Ле Бланк и Рори Рид ќе бидат заменети со Фреди Флинтоф и Педи МекГинис. Во краткото видео гледаме исечок од една од епизодите во која ќе биде даден предизвик да се најде ултимативниот користен фамилијарен автомобил, а еден од предлозите ќе биде поранешно погребно возило.

Погледнете го видеото и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.