Со AI:ME, Audi најавува свој урбан електричен автомобил на иднината! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Со AI:ME, Audi најавува свој урбан електричен автомобил на иднината!

Шангај е одлично место за презентација на „визионерски концепт за мобилноста за мега-градовите на иднината“, нели?

Концептот кој Audi го претстави во Шангај е навистина интересен. На прв поглед е само уште еден концепт за урбан електричен автомобил – но Audi оди чекор понатаму и најавува како би можел да изгледа луксузен градски електричен автомобил кој идеално би се вклопил во големите урбани центри на иднината.

AI:ME е придвижуван од батериски модул со капацитет од 65 kWh и електромотор кој испорачува 170 коњски сили кон задните тркала. Од Audi кажуваат дека концептот е ориентиран кон поспоро возење и дека голем дел од времето би го поминувал при брзини меѓу 20 и 70 километри на час  – типични урбани брзини. Концептот е долг 4.3 метри, широк 1.9 метри и висок 1.52 метри, но има долго меѓуоскино растојание од 2.77 метри – а тоа нуди многу простор во кабината.

Концептот доаѓа со технологии за автономно возење од 4-то ниво – а тоа значи дека може самиот да вози во повеќето ситуации, и тоа без насоки од возачот. Сепак, добива управувач и педали доколку возачот самиот ќе посака да вози. Кабината добива детали од дрво кои имаат задача да го направат ентериерот попривлечен – интересен контраст со оглед на тоа дека ова е навистина хај-тек концепт.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.